Политика за колачиња

На нашата веб страница  www.fortunaskt.mk , ние се трудиме да ја почитуваме вашата приватност и заштита на сите ваши лични податоци што ги собираме од посетителите кои ја користат нашата веб страница, а при кое собирање Друштвото дејствува како контролор на личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци. Нашата веб страница користи колачиња, кои ни овозможуваат да Ви обезбедиме подобра услуга, и доставување на содржините и рекламите до вас додека ја користите нашата веб страница. 

Оваа политика за колачиња (“ Cookie Policy ”) ги опишува видовите колачиња што ги користиме на веб страницата и целите за нивна обработка. 

Доколку имате прашања, ве молиме да не контактирате на fortunaskt@fortunaskt.mk . За повеќе информации за заштита на правата на приватност во нашата компанија, Ве молиме да ја прочитате нашата Политика за приватност. Политика за приватност.  

Внимателно прочитајте ја оваа политика за колачиња за сите детали околу користење на колачињата и информациите што ги собираме за вас и од вас.

Имајќи ја во предвид природата на Интернетот, треба да се напомене дека при неговото користење пасивно и автоматски се собираат податоци за навиките и преференциите на неговите корисници.

При посетата на интернет страната од корисниците, Фортуна СКТ може да евидентира информации поврзани со нив, кои сами по себе не се доволни за да идентификуваат одредено лице и претставуваат статистички показатели кои се користат заради подобрување на квалитетот на интернет страната. Таквите информации може да ги вклучуваат: името на пребарувачот на интернет, типот на компјутерот, како и технички информации за конекцијата што ја користи корисникот при посетата на интернет страната, како што се оперативен систем и давателот на интернет-услугата, IP (интернет протокол) адреси кои се доделуваат од страна на давателот на интернет-услугата и се различни за секој корисник и слични информации.

Дефиниција на колачиња

Колачињата (cookies) се мали текстуални датотеки, кои се сместуваат во Вашиот компјутер или мобилен телефон од страна на веб страниците кои ги посетувате.

Колачињата се користат многу често од сопствениците на веб-страниците со цел да се олесни функционирањето на веб-страницата или да се запомнат вашите активности и преференции, за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб-страницата и за да се прикаже нејзината навигациски историја. Овие текстуални датотеки може да бидат прочитани од веб-страниците што ги посетувате и да помогнат во вашата идентификација кога повторно ќе ја отворите веб-страницата.

Колачиња на пребарувачот на интернет

Колачињата што ги користиме се снимаат на вашиот компјутер или мобилен уред заради подобрување на корисничкото искуство и не се поврзуваат со вашите лични податоци кои претходно сте ни ги доставиле. Колачињата ни овозможуваат да го препознаеме вашиот интернет пребарувач при следната посета на веб-страницата. Тие може да ги зачуваат вашите преференции и други технички информации, но не можат да читаат податоци или информации од вашиот хард диск или мобилен телефон, ниту пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други интернет страни.

Колачињата поставени од сопственикот на веб-страницата или од провајдерот на услуги (во овој случај   Фортуна СКТ ) се нарекуваат „колачиња на првата страна“. Колачињата што се поставени од други страни, а не од сопственикот на веб-страницата, се нарекуваат „колачиња на трети страни“.

Постојани колачиња : овие колачиња остануваат ан уредот на корисникот за временски период определен во самото колаче. Тие се активираат секој пат кога корисникот ќе ја посети веб страницата која го има поставено тоа колаче.

Колачиња за сесија : овие колачиња им овозможуваат на операторите на веб страниците да ги поврзат дејствијата на корисникот за време на сесијата во прелистувачот од каде пристапува корисникот. Сесијата почнува кога корисникот го стартува прозорецот од прелистувачот и завршува кога ќе го затвори прозорецот од прелистувачот. Колачињата за сесија се создаваат привремено. Откако ќе го затворите прелистувачот, сите колачиња за сесија се бришат.

Кои колачиња ги користиме и зошто?

Општо гледано, веб страницата користи колачиња за да ве разликува вас од други корисници на веб страницата. Ова пред се ни помага да ви овозможиме добро искуство кога ја пребарувате веб страницата и секако ни овозможува да ја подобриме истата. Колачињата исто така се користат за со цел да се олесни функционирањето на веб-страницата или да се запомнат вашите активности и преференции, за да се обезбеди персонализирана/приспособена содржина на веб-страницата и за да се прикаже нејзината навигациска историја. Колачињата што можеме да ги користиме на веб страницата може да се поделат на следниов начин:

  1. Неопходни
  2. Аналитични
  3. Перформанси/Функционирање
  4. Таргетирање

Некои колачиња можат да исполнат повеќе од една од наведените цели.

Неопходни колачиња  ви овозможуваат да се движите низ веб страницата и да користите основни карактеристики на страницата. Без овие колачиња, не можеме да ги обезбедиме бараните услуги.

Овие колачиња ги користиме за:

  • Да ве идентификуваме вас дека сте најавени на веб страницата и да ве автентицираме
  • Да се осигуриме дека сте поврзани со соодветната услуга на веб страницата кога вршиме какви било измени во начинот на функционирање
  • За безбедносни цели

Доколку ги спречувате овие колачиња, не можеме да гарантираме како ќе реагира веб страницата за време на вашата посета.

Колачиња за аналитика  собираат информации за тоа како ја користите веб страницата, на пр, страниците кои ги посетувате, и доколку сте искусиле грешки на нашата веб страна. Овие колачиња не собираат информации што би можеле да ве идентификуваат и се користат само за да ни помогнат да го подобриме работењето на веб страната, да ги разбереме интересите на нашите корисници и да ја измериме ефективноста на рекламирањето.

Ние користиме колачиња за аналитика за:

  • Да спроведеме аналитика на веб страната: Добиваме статистика за начинот на користење на веб страната
  • Да добиеме податок за бројот на корисници на веб страната што вршеле прегледи на одреден продукт или услуга,
  • Помош за да подобрување на веб страната со мерење на сите грешки и потфрлување што се појавуваат,
  • Да тестираме различни дизајни за веб страната

Со некои од нашите колачиња, за нас  управуваат и трети страни.

Колачиња за перформанс/функционалност  се користат за давање на услуги или за памтење на поставките за подобрување на вашата посета.

Ние користиме колачиња за функционалност за:

  • Да се запамтат поставките што сте ги примениле, односно одбрале, како што се распоредот, големината на текстот, преференции и бои,
  • Да се запамти дали веќе сме ве прашале дали сакате да пополните анкета, да учествувате во наградна игра и ткн...
  • Да се запамти дали сте вршеле преглед на одредени компоненти или листи на веб страната за да не ви се повторуваат
  • За да покаже кога сте најавени во веб страната 

Колачиња за маркетинг – колачиња кои можат да бидат поставени преку веб-страната на Фортуна СКТ од страна на надворешни партнери. Партнерите може да ги користат овие колачиња за да ви прикажат релевантни реклами на други веб-страници, да ја мерат и подобруваат ефикасноста на рекламите и да го идентификуваат вашиот интернет-пребарувач и/или интернет-уред. Овие колачиња директно не ги зачувуваат вашите лични податоци.

На интернет страната има само таков тип на колачиња што се чуваат на компјутерот на корисникот, согласно во поставките на интернет пребарувачот, кои корисникот ги има поставено. Со посетата на интернет страната посетителите може да направат избор кој тип на колачиња сакаат да бидат зачувани на интернет пребарувачот, преку опцијата “Поставки за колачиња”. Во поставките на својот интернет пребарувач корисниците може да изберат да пребарувачот да ги одбие или избрише колачињата. Доколку корисниците ја одберат таа можност, одредени делови од интеренет страната може да не функционираат како што е предвидено.

Кога бараме ваша согласност  

За сите колачиња е потребна ваша согласност.

Ваша согласност бараме пред да ги поставиме колачињата на вашиот уред. Согласност можете да дадете со кликнување на соодветното копче на банерот што ви е прикажан на почеток на вашата посета. Доколку не сакате да дадете согласност или  сакате да ја повелечете согласноста за било какви колачиња, во било кое време, ќе треба да ги избришете и блокирате односно оневозможите колачињата преку поставките на прелистувачот. Видете подолу во оваа политика за тоа како да го направите ова. Имајте предвид дека оневозможување на овие колачиња ќе влијае на функционалноста на веб страната и може да ве спречи да имате пристап до одредени карактеристики на веб страната.

Како да ги избришете или блокирате колачињата

Повеќето веб прелистувачи овозможуваат одредена контрола на повеќето колачиња преку поставките на прелистувачот. Меѓутоа, ако ги користите поставките на прелистувачот за блокирање на сите колачиња (вклучително и неопходните колачиња), можеби нема да можете да пристапите до целата веб страна или до одредени нејзини делови. 

Промена на поставките за колачиња.   Поставките на прелистувачот за промена на поставките за колачиња обично се наоѓаат во менито 'options' или 'preferences' на вашиот прелистувач.Со цел да ги разбереме овие поставки, следниве линкови може да бидат корисни. Во спротивно, треба ја користиме опцијата 'Help' во вашиот прелистувач за повеќе детали.

Повеќе информации.  За да дознаете повеќе за колачињата, вкллучително и како да видите како се поставени колачињата, како да управувате и бришете, посетете ја страницата  www.aboutcookies.org .

Листа на колачиња

Назив на колчето

 

 Цел

 Сесија /постојано

 тип

 

 

 

 

 

_fbp

www.fortunaskt.mk

Ова колаче е поставено до Фејсбук за испорака на реклами кога корисниците се на Фејсбук или некој дигитална платформа оддржувана од Фејсбук по посета на ова веб страна.

Постојан / 3 месеци

Колаче за таргетирање

_fr

Facebook.com – Колачиња од трета страна

Колачето е поставено од Facebook за на корисниците да им се прикажат релевантните реклами, и да ги мери и подобри рекламите. Колачето исто така, го следи однесувањето на корисникот на интернет на сите страници кои имаат Facebook pixel или Facebook social plugin

Постојан/  3 месеци

Колачиња за таргетирање

_asc

www.fortunaskt.mk

Ова колаче се користи за следење на информациите за корисникот и истото да се извести во аналитичките услуги на Алекса.

Сесија – 30 минути

Колачиња за аналитика

_ auc

www.fortunaskt.mk

Ова колаче се  користи за следење на однесувањето на корисниците

Постојан / 1 година

Колачиња за аналитика

Iid

www.fortunaskt.mk

 

сесија

Колачиња за аналитика

 

__utma

Колачиња од трета страна – Google Analytics

Ова колаче е поставено од Google Analytics, и се користи за да се разликуваат корисниците и сесиите. Колачето се креира кога се стартува библиотека на JavaScript и нема постојни колачиња __utma

Постојан / 2 години

Колаче за перформанс  

__utmb

Колачиња од трета страна – Google Analytics

Ова колаче е поставено од Google Analytics. Колачето се користи за да се одредување на нови сесии/посети. Колачето се ажурира секој пат кога се праќаат податоци до Google Analytics

Постојан/30 минути

Колаче за перформанс 

 

__utmc

Колачиња од трета страна – Google Analytics

Ова колаче е поставено од Google Analytics и се брише кога корисникот ќе го затвори прелистувачот.

Сесија

Колаче за перформанс 

 

__utmz

Колачиња од трета страна – Google Analytics

Ова колаче е поставено од Google Analytics и се користи за складирање на изворот на сообраќај преку кој корисникот стигнал до вашата страница

Постојан / 6 месеци

Колаче за перформанс 

 

__utmt

Колачиња од трета страна – Google Analytics

Ова колаче е поставено од Google Analytics и се користи за намалување на стапката на барања за пристап

Сесија

Колаче за перформанс 

Ремаркетинг

Фортуна СКТ информациите кои ги собира преку користењето на колачиња („cookies“), ги користи за ремаркетинг преку Google AdWords и Facebook Business Manager, односно за свое рекламирање на други интернет страници кои ќе ги посети корисникот, врз основа на претходна посета на интернет страната на www.fortunaskt.mk и обезбедена согласност за оваа активност.

Google, Facebook, Instagram и останати трети страни, прикажуваат AdWords односно т.н. „ads“ низ различни интернет страници и апликации кои корисникот ги посетува и користи. Овие „ads“ се базираат и на претходните кориснички посети на интернет страната на Фортуна СКТ преку користење на колачиња.

На пример, кога со посетата на www.fortunaskt.mk корисникот се интересирал за одредена услуга или уред без да направи конкретна нарачка, со таквата активност се генерира информација која може да се појави во форма на оглас кај Google и Facebook и на корисникот врз основа на неговиот претходен интерес, при посета на друга интернет страна која исто така користи „ads“ на Google да му биде презентирана реклама за Фортуна СКТ или за содржината која ја посетил на страната на Фортуна СКТ . Сите собрани податоци од Фортуна СКТ ќе се користат во согласност со оваа Политика за колачиња и Политиката за приватност, односно со политиките за приватност на Google и Facebook за податоците собрани кај нив.

Google reCAPTCHA

Google reCAPTCHA е услуга за безбедност на веб-страници што ја заштитува нашата веб-страница од спам и злоупотреба. Таа користи напредни техники за анализа на ризици за да разликува помеѓу луѓе и ботови. Посетителите на веб-страницата во делот “Регистрација на нов корисник” и “Контактирајте нé ќе треба да го поминат тестот на Google reCAPTCHA за да потврдат дека се реални корисници. Google ги изјаснува својата политика за приватност  тука  и политика за користење  тука  за Северна Македонија.

Контактирајте не

За било какви прашања слободно можете да не контактирате на:  fortunaskt@fortunaskt.mk .