ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
Оваа Политика за приватност на личните податоци го уредува начинот на кој Приватна агенција за вработување ФОРТУНА СКТ Скопје (понатаму: „Фортуна СКТ“) ги собира, користи, чува и открива податоците собрани од корисниците (понатаму: “корисник”) при посета на нејзината интернет страна www.fortunaskt.mk (понатаму: „веб страна“).
Оваа политика за приватност се однесува единствено за наведената интернет страна и не се однесува за личните податоци што Фортуна СКТ ги собира од своите корисници на други начини.
Оваа Политика на приватност не се однесува ниту на лични податоци кои ги собираат други интернет страни, до кои можеби пристапувате преку нашaтa интернет страна.
Со прифаќањето на Политиката на приватност ја давате Вашата лична согласност за собирање и обработка на Вашите лични податоци од страна на Фортуна СКТ, под условите наведени подолу.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е:
Приватна агенција за вработување ФОРТУНА СКТ Скопје
ул. Стојка Цекова бр. 62, Скопје
Р. Северна Македонија
Е-маил: fortunaskt@fortunaskt.mk
WEB: www.fortunaskt.mk
Офицер за заштита на лични податоци
Љубица Теовска Крстевска
Телефон: +38972214951
Е-маил адреса: fortunaskt@fortunaskt.mk
Дефиниции:
Лични податоци кои се собираат и начинот на кои се собираат:
При посета на веб страната fortunaskt.mk, вообичаено собираме, анализираме и обработуваме податоци во врска со услугите кои вие како посетител на страната ги пребарувате. Добиените податоци ги користиме со цел да ја подобриме понудата и изгледот на нашата веб страна и да им овозможиме на посетителите едноставно користење на услугите. Податоцитe се собираат по пат на колачиња (cookies) согласно Политиката за колачиња истакната на оваа страна Полтика за колачиња .
Кога Вие, како посетител, ја пополнувате формата „Апликација за работа“ или ги контактирате нашите вработени преку контакт е-маил fortunaskt@fortunaskt.mk или телефонски број а во врска со Ваше потенцијално вработување, ги обработуваме следните лични податоци за вас:
Целта на обработка на наведените податоци е комуникација со Вас од страна на вработените во Фортуна СКТ со цел да Ве евидентираат во дата базата за потенцијални кандидати за вработување и да најдат соодветно работно место за Вас на огласите објавени од страна на клиентите на Фортуна СКТ.
Со користење на опцијата „Аплицирај за работа“ или со воспоставување на комуникација со нас преку е-пошта, давате изречна согласност на Фортуна СКТ за пристап и обработка на Вашите лични податоци наведени во апликацијата и CV-то доколку сте го прикачиле како и согласност Вашите лични податоци да бидат пренесени на потенцијалните Работодавачи, а кои се клиенти на Фортуна СКТ.
Вашите податоци се чуваат од страна на Фортуна СКТ до моментот на повлекување на Вашата согласност.
Начин на собирање на личните податоци
Податоците при Вашата посета на интернет страницата и при користење на услугата „Апликација за работа“ се собираат директно од Вас, на начин што Вие лично ни ги доставувате податоците или автоматски преку алатката „Колачиња“ доколку сте се согласиле со истата (Ве молиме прочитајте ја Политиката за користење на колачиња).
Начин на обработка на Вашите лични податоци
Вашите лични податоци нема да се обработуваат за ниту една друга цел, освен за целта заради која се собрани. Собраните лични податоци се обработуваат, механички и/или електронски, исклучиво од страна на лица, вработени/ангажирани од Контролорот коишто имаат пристап до истите и кои се авторизирани и овластени да извршуваат анализи, како и со почитување на начелата за обработка на личните податоци од Законот за заштита на личните податоци.
Обработката на Вашите лични податоци Фортуна СКТ ја врши согласно прописите за заштита на лични податоци на Република Северна Македонија, преземајќи ги сите пропишани технички и организациони мерки за обезедување на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага.
Фортуна СКТ исто така применува сигурносни мерки при прибирање, чување и процесирање на информациите заради заштита од неавторизиран пристап, промена, откривање или уништување на Вашите лични податоци, како и податоци што не се лични, а се складирани на нашата страна.
Доколку одлучите да ја повлечете Вашата согласност за обработка на Вашите лични податоци, Вашите лични податоци ќе бидат избришани, освен личните податоци за кои Фортуна СКТ има законска обврска да ги чува во законски определен рок согласно Законот за архивски материјал или друг применлив закон.
Категориите на корисници на лични податоци
Активностите на обработка на лични податоци поврзани со услугите на Фортуна СКТ, се извршуваат од страна на вработените во Фортуна СКТ одговорни за овие услуги или лицата задолжени за извршување на предметните активности.
Не споделуваме податоци за Вас и/или за Вашата посета на нашата веб страна, на трети лица, освен во следните случаи:
Фортуна СКТ не ги пренесува Вашите лични податоци надвор од Република Северна Македонија.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на Фортуна СКТ.
Права на субјектот на лични податоци
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
Фортуна СКТ има обврска да одговори на барање на субјектот на личните податоци во рок од 30 дена од денот на приемот на барањето. Доколку Фортуна СКТ ЈЕ еднаш одговорило на барање на субјектот, нема обврска повторно да одговори на исто или слично барање, ако во меѓувреме нема промени во личните податоци, освен ако изминале шест месеци од денот на доставувањето на претходното барање до новото барање.
Дадената согласност за обработка на личните податоци може да биде повлечена од Ваша страна на Субјектот во било кое време со испраќање на барање за повлекување на согласноста на fortuna@fortunaskt.mk или на ул. Стојка Цекова бр. 62, Скопје. По приемот на барањето за отповикување на согласноста, Вашите лични податоци на Субјектот ќе бидат избришани.
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци на следниов e-mail: fortuna@fortunaskt.mk
Право на поднесување на барање до А генцијата за заштита на лични пдоатоци
Ако сметате дека начинот на кој Фортуна СКТ ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до Агенцијата за заштита на лични податоци како надзорно тело, согласно член 97 од Законот за заштита на личните податоци.
Прифаќање на условите
Со продолжување на пристапот и користењето на интернет страна www.fortunaskt.mk, корисникот ги прифаќа одредбите од оваа Политика за приватност.
Доколку не се согласувате со оваа Политика за приватност, ве молиме да го прекинете пристапот до интернет страната.
Промена на политиката за приватност
Фортуна СКТ го задржува правото во било кое време да ја измени или дополни оваа Политика за приватност, објавувајќи ја ажурираната верзија на веб страната на www.fortunaskt.mk при што истата ќе биде применлива и важечка од моментот на нејзиното објавување. Корисникот се согласува дека е негова одговорност периодично да ја проверува Политиката за приватност и дека е свесен за промените.
ФОРТУНА СКТ Скопје Ноември 2025